Вооружена престрелка меѓу 2 групи на Бит-пазар

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Едно лице е повредено при вооружена престрелка на улицата „Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

„Денеска (25.04.2025) околу 14.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улица „Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар има пукање од огнено оружје. Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар излегле на местото и било констатирано дека се работи за вооружена престрелка, при што едно лице е повредено и е пренесено во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“. На местото на настанот најдени се повеќе чаури, а оштетени се неколку изложни стакла од продажни објект и околните продавници и неколку паркирани возила“, стои во соопштението од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми