Поради обемните градежни активности со реконструкцијата на училиштето, учениците од Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп, уште два месеци ќе следат настава од далечина, стои во соопштението објавено на официјалната страница на гимназијата.
„Во училишниот објект, нема услови за реализација на наставата. Со привршувањето на градежните работи и кога учениците ќе бидат безбедни во училиштето, наставата ќе продолжи со нивно присуство во подновената Гимназија и во подобри услови“, додаваат во соопштението.