Миле Јанакиески доби условна казна за делото „Шамари во Центар“. Една година затвор му се заменува со слобода доколку во следните четири не го повтори делото.
Виновен е бидејќи го послушал Никола Груевски и поттикнал група луѓе да извршат насилство врз градоначалникот Андреј Жерновски и општина Центар пред 7 години.
Поранешниот премиер пак, го избега во Будимпешта, доби 1.5 години затвор за ова дело.
Останатите 5 обвинети во овој случај добија условни казни.
Обвинителката Фатиме Фетаи ќе ја обжали ваквата пресуда.
„Не сум воопшто задоволна со делот на казната, а за ова причините ги истакнав порано. За ова ќе има обжалување од наша страна“, рече Фетаи.
Денешната пресуда е прва за Јанакиески, а втора за екс-премиерот Груевски.