Денеска околу 17:00 часот пријавена е сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила на патот А1 Прилеп – Росоман во близина на с. Радобил. Од несреќата пет лица се здобиле со повреди, од кои три се пренесени во болница во Прилеп, а две во болница во Кавадарци, а лекар констатирал смрт кај две лица, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од 18:00 часот сообраќајот е се одвива по една коловозна лента со наизменично пропуштање на возилата. Со детали соодветно ќе ја известиме јавноста по завршувањето на увидот, велат во кусото соопштение од МВР. Засега останува непознато од каде се жртвите и возилата кои учествувале во несреќата.