Две златни и една сребрена плакета за прилепчаните Марјан Беџоски и Никола Димески на 5-от Државен фестивал на непрофесионален филм

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци


Авторскиот тандем Марјан Беџоски и Никола Димески повторно се закитија со три награди на 55-от Државен фестивал на непрофесионален филм на Македонија. кој се одржа во општина Босилово.

„Нашите филмови се базирани на автентични настани, првиот филм е насловен „Прилепчанецот што ја менуваше историјата – Али Фети“ и истиот е посветен на првиот премиер на Турција, а вториот филм е насловен „Духот на францускиот војник“ исто така поврзан со вистините настани од селото Беровци. Филмот за Али Фети доби две златни награди, а „Духот на францускиот војник“ една сребрена плакета“, истакнаа добитниците на наградите Марјан Беџоски и Никола Димески.  

Беџоски и Димески со овие филмови ќе учествуваат на престижниот Меѓународен фестивал UNICA 2027.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци