Дурмиши: Студентите и пензионерите ќе можат легално да работат без да ги изгубат правата

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска го презентираше Законот за работно ангажирање лица, клучна реформа за сузбивање на сивата економија. Податоците покажуваат дека во земјава има околу 85 илјади неформално ангажирани работници, а новиот закон нуди поедноставен модел за нивна легализација без губење на стекнатите права.

„Со овој закон испраќаме јасна порака дека државата е решена системски да ја сузбива сивата економија. Тоа значи поголема сигурност за работниците и предвидлива деловна клима за компаниите“, истакна Дурмиши.

Во првата фаза, законот ги опфаќа секторите каде што неформалното работење е најизразено – земјоделството, туризмот и угостителството.

Проценките велат дека ќе се формализираат до 12.000 сезонски работници во земјоделството и околу 5.400 во туризмот и услугите. Законот, кој почна да се применува од почетокот на годинава, овозможува ангажирање на студенти, пензионери и социјално ранливи категории, при што тие ги задржуваат сите социјални надоместоци и права од пензија или образование.

Корисниците на социјална помош, пензионерите и студентите нема да ги загубат своите примања и статус додека се работно ангажирани.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми