Една од трафостаниците во Арачиново покажува 96% украдена струја – според ЕВН неизбежни се кривичните пријави

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Сите трафостаници покажуваат кражба, една од трафостаниците бележи дури 96,1 процент загуба на енергија. Кај пет трафостаници загубата изнесува од 81 до над 85 проценти, а кај останатите се движи од 56 до 79 проценти, велат од ЕВН за МКД.мк.

Годишно во Арачиново се крадело струја во износ од 6 милиони евра, а освен домаќинствата струја краделе и производствени капацитети, што само повеќе ја зголемува вкупната сума на средства. Сето тоа во своите сметки го плаќа останатото население.

Компанијата ги евидентира сите случаи. Велат дека по договорот да им се овозможи пристап до мрежата во Арачиново, ќе можат прецизно да определат од каде се крадела струјата и да дејствуваат во согласност со законот. Кога ќе завршат проверките на теренот, од ЕВН велат дека неизбежни ќе бидат и кривичните пријави.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми