Денес започнаа градежните активности за целосна рехабилитација на коловозот на улицата „Архиепископ Доситеј“, на потегот од раскрсницата кај хотел „Кристал Палас“ до кружниот тек кај Поштата – една од најфреквентните градски артерии во централното подрачје на Прилеп.
Ќе биде поставен нов асфалт во должина од 1 километар, со што значително ќе се подобри квалитетот на сообраќајот и безбедноста за сите учесници.
„Апелираме до сите граѓани за трпение и разбирање за можните временски ограничувања во сообраќајот додека траат градежните активности. Нашите служби и изведувачите работат со засилено темпо за сè да биде завршено квалитетно и навремено.
Продолжуваме со динамично темпо и реализација на капитални зафати за поубав и помодерен Прилеп!“, велат од Општина Прилеп.