Осумдесетгодишна жена од село Чаниште, М.А. е тешко повредена откако во неа вчера удрило товарно моторно возило „ман“, со струмички регистарски ознаки, управувано од О.А.(38) од с. Моноспитово, на крстосницата од улиците „Александар Македонски“ и „Цане Илиоски“ во Прилеп.
„Во незгодата М.А. се здобила со тешки телесни повреди по што била пренесена во Градската болница Прилеп. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп“, информираат од МВР.