Четири лица од Прилеп искинале и со возило прегазиле знаме, поради што добија кривични пријави.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против К.В.(23), Б.Б.(32), К.Г.(19) и 15 – годишник, сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска или друга дискриминаторска основа“. На 29 ноември во Прилеп, тие искинале и со возило прегазиле знаме.
Претходно, три лица добија притвор од 8 дена за палење и кинење на македонското знаме во Скопје на Денот на албанското знаме. Потоа, едно лице на подрачјето на Центар сакало да запали албанско знаме, но полицијата го спречила и тоа доби 8 дена притвор.