Оваа среда во 17 и 30 часот, пред споменикот на Александар Македонски во Прилеп ќе се одржи 72-рата Критична маса, овој пат под мотото „Мисли стратешки, движи се на точак и пешки“
„Одењето на работа или завршувањето на другите секојдневни обврски пеш или со велосипед, лесно може да премине во навика, а само на тој начин физичката активност ќе има видлив ефект – ако е трајна.Општинските влаасти ширум државава треба уште повеќе да се вложат и да го поттикнат населението да користи алтернативни, зелени начини на превоз.Возењето велоспед и пешачењето не се добри само за нашето здравје, туку и за почистата животна средина, поевтини се, а во контекстот на пандемијата, ефикасни се во намаленото ширење на вирусот.Тоа е активност што е најлесно да се вклопи во секојдневниот живот, затоа што велосипедот, покрај средство за рекреација, е и превозно средство што лесно ќе ве одведе од точката А до точката Б, истовремено избегнувајќи стоење во колони.Покрај тоа, вашиот имунолошки систем, како и срцето, мозокот и мускулите ќе ви бидат благодарни за овој вид активност, бидејќи возењето велосипед има позитивно влијание на секоја од нив. На крајот на денот, вашето тело ќе ви биде благодарно, бидејќи благодарение на возењето велосипед, полесно ќе заспиете.Доколку имате велосипед, време е повеќе да го користите“, велат од ПрилепНаТочак.