За францускиот амбасадор во земјава, Кристоф Ле Риголер, гласањето на Македонија за резолуциите во Њујорк било неочекувано.

„Навистина вие посочувате кон важна тема, за одлуката за гласање на Северна Македонија во Њујорк која што за нас беше неочекувана. Мислам дека треба да се концентрираме на темата која што е важна, затоа што се случија гласањата во Њујорк, за проектот за резолуција. Постои навистина неопходност за излегување од конфликтот во Украина, но има и поважна тема, а тоа е вредноста која што денес ја даваме во Европа на територијалниот интегритет, почитувањето на сувереноста, империјализмот на еден сосед во однос на друг сосед, до тој степен што се негира неговото постоење, идентитет, и јазик. Тоа е тема која што бара единствен европски одговор. Целта на европската дипломатија денес, целта на секој од нас е токму да се одржи таа унитарност и да се има исти заеднички пристап кој ќе обезбеди безбедност на континентот во наредните години, наредените децени за нас и нашите деца“, рече абасадорот Ле Риголер на прес-конференцијата по повод презентација на програмата за годинашното одбележување на Франкофонијата.