Прилепчанката Маријана Ѓорѓиевска се искачи на „Исланд Пик“ ( 6.189 мнв. ) на Хималаите

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Маријана Ѓорѓиевска стана првата прилепчанка која се искачи на врвот „Исланд Пик“, во Непал, на Хималаите кој што е висок 6.189 мнв. Во кратката изјава за Инфо Компас Ѓорѓиевска вели дека е остварен еден нејзин голем сон.

„Добра сум, се чувствуваме одлично, времето не служеше во текот на целата експедиција, исто така и во текот на самото искачување. На 6.189 мнв имате неопислив и прекрасен видик, навистина интересна планина со уникатен релјеф. Ова за мене значи остварување на уште еден сон, секој кој се занимава со планинарење  сака да оди на Хималаите“, истакна Ѓорѓиевска.


 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми