Повторно машка одбојка во Прилеп

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

По десетина години пауза машката одбојка повторно се враќа во Прилеп!

Станува збор за одбојкарската школа „11ти Октомври“, каде тренинзите ќе ги одржува дипломиран професор по физичко и здравствено образование Димоски Илија, кој што е поранешен одбојкар во одбојкарскиот клуб „11 Октомври“ Прилеп, како и  во ОК „Синалко“ од Крушево.

Започнувајќи од 03 октомври, тренинзите ќе се одржуваат секој вторник и четврток во 19.30ч, во ООУ „Кочо Рацин“ во Прилеп, во центарот на градот. Возрасните категории се движат од 08 до 18 години.

„Биди и ти дел од нашиот машки одбојкарски тим на ОК „11 Октомври“- Прилеп“, порачуваат од школата.

Дополни информации може да добиете кај професорот Димоски Илија, на бројот 078 321 136. Уписите се во тек!

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми