Синоќа околу 00.30 часот во Битола беше снимена мечка како трча низ улиците во населбата Буковски ливади, објави веб-порталот Апла.мк.
Инаку ова не е прв пат мечка да се симне во градот. Граѓаните често пријавуваат и дека мечки кои се симнале од планината Баба им прават штета во нивните имоти.