МЗШВ: Исплатени 169.222.200 денари на 5.566 пчелари

Facebook
Twitter
Email
Print

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека денеска е извршена вкупна исплата во износ од 169.222.200 денари на 5.566 пчелари по мерката Директни плаќања за регистрирани презимени пчелни семејства за земјоделски стопанства кои поседуваат минимум 10 регистрирани презимени пчелни семејства.

Висината на директните плаќања, додаваат од Министерството, изнесува 600 денари по презимено пчелно семејство.

„Продолжуваме со редовно исплаќање на субвенциите. Грижата за земјоделецот е приоритет на Министерството, велат од МЗШВ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи