Мицкоски: Над 8 милијарди денари исплатени субвенции за земјоделците

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со податокот за следење на состојбите во земјоделството во Македонија, соопштен од Државниот завод за статистика, изјави:

„Апсолутно е тоа точно, и тоа го покажува новиот извештај на Државниот завод за статистика. Имаме двоцифрен раст на аутпутот, односно зголемување на цените кон откупувачите, коишто генерално оди за извоз, и би рекол незначителен  1,2  2 % зголемен импут во трошоците, во расходната страна на земјоделците.  И тоа е веќе неколку месеци и тоа е одлично. Тоа е одличен параметар, тоа значи  повеќе пари за инвестиции и повеќе пари за земјоделците.“

Што се однесува до поддршката која ја дава оваа Влада за земјоделците, премиерот напомена дека изминатата година се дадени повеќе од 8 милијарди денари, пари за исплата на заостанати субвенции од 2021 година.

„Од 2021 плаќавме од 2021, 2022, 2023-та и 2024-та година, мислам дека е заокружена. Сега треба да се размислува за тековната година. Така што од 2021 година се плаќаат заостанати субвенции од 8,6 милијарди денари, од прилика.“, објасни Мицкоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми