Еден од најпознатите авто електричари не само во Прилеп туку и во цела Македонија или уште како што го нарекуваат „докторот за авто електрика на коли“, Владимир Милошески или како што сите го знаат по прекарот Лало, од 1 декември ќе биде главен сервис мајстор во најдобриот Центар за возила кај нас – Авто Контрол. Велат ако не можете да најдете лек за вашиот автомобил не сте го побарале на вистинското место. А вистинското место е токму кај Лало, кој нема кола која не може да поправи и нема клиент кој не си заминал задоволен од кај него.
„Голема чест ми е што ја добив поканата да бидам дел од тимот Авто Контрол. Сега целото мое знаење и над 30 годишно искуство со авто електриката ќе го вложам тука. Со овој занает започнав да се занимавам уште во далечната 1988 година. Наредната 89-та година се вработив во Центропромет каде бев до 1994 година, но веќе од 92-ра година започнав со поправки на автомобили после работно време. Во 1995 година го отворив својот сервис „Шампион“ покрај Градската река во Прилеп, а во 2008 година својата работилница ја преместив во Здружението на возачи. Сега сервисот Шампион се згаснува и се фузира со сервисот на Авто Контрол“, вели Владимир Милошески – Лало.
Од Авто Контрол велат дека идејата е оваа компанија да продолжи да се надградува и да биде лидер во сервисирањето на возилата и техничкиот преглед.
„Ние во нашиот сервис сакаме да имаме ваков искусен мајстор каков што е Владимир Милошески Лало и ни претставува голема чест и задоволство што тој прифати да биде дел од нашиот тим. Од 1 декември тој ќе биде главен сервис мајстор кај нас. Целата идеја е Авто Контрол да продолжи да биде лидер во оваа дејност која што ја нуди, односно техничките прегледи и сервисот на возилата. Задоволниот муштерија и задржувањето на квалитетот на услугите и понатаму ќе биде нашиот императив“, истакна Даниела Перканоска, генерален менаџер на прилепската компанија „Aвто Контрол“.
Инаку почетоците на Авто Контрол се од пред 20 години како сервис за поправка на возила, а денес сервисот е надграден и со Станица за технички преглед, која што е втора по големина во Македонија и заедно во симбиоза го прават најсовремениот Центар за возила во регионов.