Пред точно 1 година, генералниот директор на Светската Здравствена Организација (СЗО) Тедрос Адханом објави дека Ковид -19 е глобална пандемија. СЗО им порача на владите дека е време за агресивни мерки откако ширењето на коронавирусот во светот достигна ниво на пандемија. Тендрос изјави дека со прогласувањето на пандемија, сите земји се повикани да разработат механизми за одговор при итни случаи.
Повеќе европски држави влегоа во карантин истата недела, заради растечкиот број на случаи кои побаруваа болничко лекување.
Една година подоцна, веќе има повеќе од 117 милиони потврдени случаи, додека животот од Ковид -19 го загубија над 2,6 милиони луѓе .
Една година подоцна, спасот од пандемијата се гледа во масовната вакцинација, која е предизвикувачка, бидејќи богатите земји набавуваат резерви вакцини, додека пак сиромашните се уште се борат со набавување на вакцини за најризичното население.
Македонија повторно со голем број на новозаразени на дневно ниво, сите ковид центри во земјата се повторно отворени, на сила се и дополнителни рестриктивни мерки како полицискиот час кој ќе трае до 22-ри март, а надлежните за процесот за набавка на вакцини се уште се соочуваат со потешкотии.
![](https://infokompas.com.mk//wp-content/uploads/2020/01/Matador-banner-300-149.jpg)