На 01.01.2024 во 18.30 часот во СВР Битола, е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Прилеп кај м.в „Џаферица“, на И.С. (67) од Прилеп додека управувал патничко моторно возило марка „сузуки“ со прилепски регистарски ознаки, му се слошило и возилото излетало од патот.
„И.С. починал на лице место, смртта ја констатирал доктор од итна медицинска помош ,а во консултација со јавен Обвинител телото на починатиот е предадено на семејството“, информираат од СВР Битола.