По 10 јубилеен пат оваа година на празникот Томина недела ќе се одржи веќе традиционалната авто лимарска средба на еснафот од Прилеп. Годинава домаќин ќе биде Самоил Спиркоски. Градот под Марковите Кули во моментов брои над 30 мајстори од авто лимарскиот занает.
За прв пат оваа средба се одржува во 2016 година. Имено една година претходно, во 2015 година главниот иницијатор, без кого немаше да постои и славењето на овој ден, Миле Трајкоски – Бушмано својата идеја му ја пренесува на сегашниот домаќин Самоил Спиркоски и заедно со други мајстори од овој еснаф тие започнуваат да ја разгледуваат оваа идеја. Во консултација со колегите тие одбираат верскиот празник кој ќе го одберат за патрон секогаш да биде во недела, затоа што во другите денови тие работат и секогаш да биде во мрсен период, а не во посен. Во консултација со тогаш свештеникот отец Влатко Ристески, а сега архиерејски намесник, одбираат тој ден да биде токму Томина недела.

Миле Трајкоски – Бушмано


Првата средба на Авто лимарите во 2016 година
Домаќини кои досега биле за овој ден се:
- 2017 година – Миле Трајкоски – Бушмано
- 2018 година – Зоран Неделкоски – Бабарко
- 2019 година – Владимир Тренкоски – Чопано
- 2020 година – Љупчо Стојаноски – Поштаро
- 2021 година – Илчо Илиоски
- 2022 година Стеван Ристовски – Џо
- 2023 година – Леонид Димоски
- 2024 година – Дејан Трајковски – Дагио
- 2025 година Самоил Спиркоски





Годинава по повод јубилејот се планира средбата да биде од помасовен карактер и освен мајсторите од овој еснаф се поканети и дел од механичарите, електричарите, ќе има гости од авто отпадите, дуќани за авто делови, а ќе бидат присутни и претставници на спонзорите.
Годинава спонзори на овој настан се: Хелиос, КТМ Колор центар, Матадор, Авто Контрол, Уни Ројал, Авто Центар Матрак, Пиот Стоп, Крис Пан, Т.А. Инфо Турс, Гатекс, Авто Маркет, Шампион, Гонг.
Одбележувањето на патрониот празник започнува уште во саботата, на вечерната богослужба со подигнување на петтолебието, а другиот ден во неделата на Томина недела од утрината се присуствува на Свечената Божествена Литургија во црквата Свето Благовештение, а потоа се врши и прережување на славскиот колач.
Потоа овој ден продолжува со пригодна забава и свеченост во ресторан Деспина, каде за сите присутни ќе има обезбедено и богата лотарија.





