„Не бегај од опера“ – концерт со оперски арии и дуети во Цепенков

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

„Не бегај од опера“ е концертот што ќе се одржи на 15 јули, понеделник, од 19.30 часот во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“. На репертоарот ќе бидат дел од највпечатливите арии и дуети од оперите на Моцарт, Росини и Доницети.

Посетителите, велат од Центарот, ќе можат да уживате во патешествијата на итриот Фигаро и љубовните драми на Дон Жуан.

Настапуваат Елеонора Џоџоска (сопран), Мартин Димитриевски (бас), Аида Пипојан(сопран), а корепетитор  е Галина Апостолова.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми