Ново задолжување на државата од 81 милиони евра

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Повеќе од 81 милион евра е најновото задолжување на државата на домашен терен. Од денес на Берзата котираат две нови обврзници вредни 24,2 и 57,3 милиони евра. Едната е петгодишна, другата 15-годишна.

И двете државни обврзници се без девизна клаузула, а издадени се вчера – 7 март.

Вредност на првата емисија е 1.491.000.000 денари или речиси 24,2 милиони евра. Издадени се 149.100 хартии од вредност од овој вид, со номинална вредност за обврзница од 10.000 денари. Носи каматна стапка од 4,2 проценти, а датум на достасување е седми март 2029 години.

Втората емисија е вредна 3.531.490.000 денари, односно 57,3 милиони евра. Издадени се 353.149 обврзници, со номинална цена, исто така од десет илјади денари. Овие хартии од вредност се со повисока стапка – 5,6 проценти. Доспеваат на седми март 2039 година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми