НУ Завод и Музеј – Прилеп во соработка со Македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул, Република Турција ја отвори изложбата посветена на животот и делото на Али Фети Окјар, истакнат државник, дипломат и близок соработник на таткото на модерна Турција – Мустафа Ќемал Ататурк.
Изложбата ја открива животната патека на Окјар – од неговите корени во Македонија до значајната улога во турската политичка историја, преку архивски материјали, фотографии и документи.
Али Фети Окјар е роден во Прилеп на 29.04.1880 година, а починал на 07.05.1943 година. Тој во својата кариера бил два пати премиер на Турција, претседател на турското собрание, 5 мандати пратеник во истиот парламент, министер за внатрешни работи, министер за правда, а бил и амбасадор на Република Турција во Бугарија, Франција и Англија. Тој бил човекот во Ататурк имал најголема доверба.