Со договорот кој беше постигнат меѓу албанската опозиција (БЕСА и Алијанса за Албанците), Владата на Зоран Заев, самоуверено ќе ја започне третата и последна фаза од уставните измени.
Како што брифираат извори од парламентарното мнозинство, најверојатно последното гласање за уставните измени ќе помине со повеќе од потребните 80 пратеници. Можно е за измените да гласаат еден или двајца пратеници повеќе. Меѓу нив најверојатно ќе биде и пратеникот Панчо Минов од ГРОМ.
Од парламентот велат дека сепак нема да има нови имиња од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кои би му дале поддршка на процесот. Од партијата претходно информираа дека ќе ја бојкотираат расправата, а неофицијално известија и дека ќе ги исклучат од партијата оние кои ќе гласаат за амандманите.
Од парламентарното мнозинство велат дека е можно гласањето за заврши уште в петок, иако претходно се најавуваше дека седницата за гласање треба да биде на 15 јануари.