Објавена програмата за престојниот карневал „Прочка“

Општина Прилеп ја објави програмата за овогодинешното издание на карневот „Прочка“.

Програмата започнува во петок на 28 февруари со изложбата на рачно-изработени маски во 12:00 часот во Ликовниот салон на НУЦК „Марко Цепенков“.

„Во сабота, на 1 март, исто така во 12:00 часот ќе има презентација на традиционалниот обичај, амкањето, во организација на здружението „Преродба“ на платото кај Градскиот Саат, a ќе го имаме и настапот на Robbie Ray Show, на истата локација.

Во недела, на 2 март, нѐ очекува централната манифестација односно Карневалската поворка и самиот Карневал. Поворката ќе тргне во 12:00 часот пред НУЦК „Марко Цепенков“, ќе се движи по бул. Гоце Делчев и ќе заврши на Плоштадот „Методија Андонов Ченто“ каде ќе започне Карневалот „Прочка“ 2025 кој ќе биде збогатен со жонглери, акробати, кловнови, куклари и многу други изненадувања“, велат од Општина Прилеп.

Традиционалниот ручек и одбележувањето на „Чист Понеделник“ заедно со здружението „Прилепски Мечкари“ ќе биде на 3 март, во понеделник, во 12:00 часот на манастирот Св. Ѓорѓија во селото Присад.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи