ООУ „Климент Охридски“ доби донација скулптура „Капка солза“, во чест на децата со посебни потреби


ООУ „Климент Охридски“ Прилеп доби донација- скулптура „Капка солза“ изработена од скулпторот Влатко Николоски. Скулптурата е во чест на децата со посебни потреби и е сместена во новиот парк во училиштето.

„Скулптурара претставува синоним на солзите на една мајка која тешко се справува во ова општество за своето дете со посебни потреби, но и покрај сите тешкотии таа мајка е сепак посебно храбра и се изборува за своето дете. Освен на мојот другар вајарот Влатко Николоски, им се заблагодарувам и на Др. Кире Јоноски, Слаткарница Алфа, Ангромеханика и Пост експрес за нивниот придонес за реализација на проектот“, вели директорот на ООУ Климент Охридски, Ахил Јаков.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи