Почитувани родители, со оглед на немилиот настан што ја потресе цела држава вклучително и нас како училиште. Наставничкиот совет на училиштето одлучи од утре 06.12 2023 год повторно да се воведе носење на телефон со редуцирано користење, пишува на ФБ, директорот на ова училиште Ахил Јаков.
Редуцирано користење значи:
-Се забранува користење на телефон во училиштето,за време на часови и одмори.
-Телефонот стои исклучиво во ранецот (исклучен) освен во итни случаеви..
-Телефонот може да се користи само кога ќе заврши наставата и се излезе од училиштето.
Моментално живееме во небезбедно време и се надеваме на побезбедна иднина кога целта на неносење телефон беше за општо добро на учениците“, додава Јаков.