Павлинче Матеска, вработена во општина Прилеп, е прв независен кандидат за Прилеп, кој денеска официјално ја соопшти оваа одлука на нејзиниот ФБ профил.
„Прилепчани и прилепчанки. Денес официјално ја започнав постапката за кандидат за градоначалник на Општина Прилеп предложена од група избирачи!!! За транспарентно и одговорно работење !!! За подобрување на квалитетот на животот на сите жители!!! За развој на Прилеп !!!, стои во објавата на ФБ.
Со ова одлука Матеска е втор кандидат за градоначалник кој јавно се знае, после Петра Лукароска, како кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ.