Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука со која се намалуваат малопродажните цени на горивата. Според одлуката на РКЕ, од полноќ бензините поевтинуваат за два денари, а за исто толку се намалува и цената на дизелот.
Новата малопродажна цена на еуросупер БС – 95 ќе изнесува 76,5 денари за литар, еуросупер БС – 98 ќе се продава за 78,5, еуродизел БС (Д-Е V) за 74, а екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 73 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 1,5 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 40,5 денари.