На 13.05.2022 во Полициска станица Прилеп е пријавено дека на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп настанал пожар во патничко моторно возило „Форд Фокус“ со прилепски регистарски ознаки сопственост на О.М (42) од Прилеп. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Прилеп. Увид на местото на настанот извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.