Полицијата приведе маж од прилепско кој крадел дрва во Кавадарци

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Кај кавадаречкото село Фариш вчера во 16 часот на магистралниот пат Градско – Прилеп, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле З.Д. од село Голем Радобил, прилепско, соопштија денеска од МВР.

При контрола на патничко возило фолксваген пасат со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени огревни дрва за кои не поседувал соодветна документација, моторна пила и други предмети. Дрвата, возилото и останатите предмети биле предадени на Шумска полиција од Кавадарци за понатамошна постапка.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми