Регулаторната комисија за енергетика ја донесе својата најнова одлука кога станува збор за малопродажните цени на горивата во нашата земја.
Според методологијата на РКЕ за одредување на цените на горивата, бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 не поскапуваат, односно остануваат со истата цена како и претходно, додека дизелот поскапува за половина денар.
Ова значи дека во следните шест дена Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 67 денари по литар, Еуросупер БС-98 ќе чини 69 денари, додека Еуродизел ќе се точи по цена од 59 денари по литар гориво.