По театарот во Прилеп, надлежниот инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување, донесе решение за затворање и на салата Центарот за култура „Марко Цепенков“ и киното Мис Стон поради голем број пропусти.
Инфо Компас дознава дека внатрешната хидрантска мрежа во целиот објект не е во функција, односно ѕидните приклучоци ја немаат потребната опрема.
Во Центарот за култура има систем за автоматско откривање на пожар, има инсталација, но ги нема сите други потребни елементи за тој систем, односно и тој не е во функција.
Резервниот агрегат за електрична енергија е неисправен и не е во функција. Не се функционални ниту електромоторите кои ја подигнуваат завесата во салата. А додека влезно излезните врати позади сцената се отвораат спротивно од смерот на евакуација.
На самиот објект веќе со години е поставен радиоактивен громобран кој треба да се смени, демонтрира и да се постави нов.
И за киното Мис Стон За утврдено е дека нема вградено хидрантска мрежа. А исто така проблем е што нема уште една резервна излезна врата.
Целата документација и за објектот на театарот и за објектот на Центарот за култура се доставени до Министертсвото за култура од каде се очекува одговор по сите овие отворени прашања во најбрз можен рок.
Другите простории во Центарот за култура „Марко Цепенков“ како фоајето, галеријата и други, ќе бидат отворени за настани и посета на публика.