Празникот Богојавление или Водици се празнува како еден од најголемите христијански празници затоа што на тој ден Христос е крстен од Свети Јован Крстител во реката Јордан. Со тоа на овој празник му се дава големо з0начење како една од светите тајни на црквата. Оваа година традиционално по 5 пат се одржува капењето во Плетварското езеро, каде досега имаме околу 80-тина пријавени лица, а има пријавено учесници и од другите градови, истакна денеска Дарко Неданоски, организатор на настанот.
„Пријавувањето трае до петок, каде што дотогаш сите учесници кои сакаат да присуствуваат и да влегуваат во светите води ќе може да се пријават. На овој начин се одлучивме затоа што го одбележуваме Водици во духот на верата затоа што е голем празник за сите нас православните верници. Со тоа што во ненатпреварувачки дух со оформување, секако ако за тоа дозволат временските услови, ќе го издлабиме во форма на крст и потоа сите учесници, најпрво децата, па останатите ќе вчезат во езерото. Од наша страна известени се сите надлежни институции, МВР, ќе има и Итна помош. Имаме пријавено и од Скопје и од Битола и секоја година се повеќе и повеќе се зголемува интересот не само тука кај нас. Единствено кај нас се одбележува на овој начин, но се надеваме дека ќе прерасне и во традиција и во други делови од Македонија.
Моментално досега има пријавено 80 лица, но очекуваме таа бројка да се зголеми. Лани имаше 130 пријавено, но на самиот ден во езерото влегоа уште 20-тина граѓани. Учесниците може да се пријавата на нашата ФБ страна или на тел. 078-520-792 каде што е потребно само да кажат име и презиме и да се регистрираат.
Нема ограничување за возраста. Лани најмалиот имаше само 5 години, еве и оваа година знам дека има пријавено 10-тина дечиња кои што заедно со нивните родители ќе вчегуваат во осветените води“, рече Неданоски.