Прилепчанките Катерина Николоска и Цвета Недеска го освоија првото место за општ впечаток на републичкиот натпревар за „Вешта Жена“ кој вчера се одржа во Тетово. Николоска е сопруга, мајка на две деца, која дипломирала на Педагошкиот факултет. Веќе неколку години работи како образовен асистент, професија која, како што вели и овозможува секојдневно да биде поддршка и водилка на учениците во нивниот развој.
„Во проектот Вешта Жена се вклучив во 2014 година и оттогаш секоја година претставува ново искуство и предизвик за мене. Во 2017 година ја добив наградата од публика, а во 2018 станав победник за град Прилеп и го освоив третото место на републичкиот натпревар. Годинава, со голема чест и возбуда, прв пат се натпреварувам за Гранд При. Темата на мојата маса е „На чекор до победа“ На следниот потег, кралицата го задава последниот удар-мат. За мене, ова не е само натпревар – ова е патување, инспирација и доказ дека со труд и истрајност, секоја жена може да биде победник“, истакна Николоска.




Цвета Недеска е прва година учесник на „Вешта Жена“, а нејзината тема на масарта е „Убавината на паунот“.
„Убавината на паунот“ ја претставува жената, паунот е најубавата птица, исто како и жената е позната по својата елеганција, грациозност, самодоверба, достоинство мудрост, интелигенција, хармонија, издржливост и преродба. Со ова ја пренесувам жената, т.е. духот на „Вештата жена“, изјави Недеска.


