Инфлеунсерите го имаат најголемото внимание на социјалните мрежи. Талентот и креативноста која ја поседува нашата прилепчанка Валерија Преспаноска го освои вниманието на над 20 илјади следбеници на социјалните мрежи. Нејзините стилски комбинации преточени во фотографии и видеа не остануваат незабележани и претставуваат вистинска инспирација за младите кои сакаат да бидат во чекор со модата.
Како се справуваат инфлуенсерите со тоа што водат јавен живот и колку од нивната приватност споделуваат со нивните следбеници? Која е мотивацијата за ваква специфична професија и како да се успее, кој е клучот за успех и пробивање низ социјалните мрежи?
„Секогаш има надеж, доколку се има добра замисла и цел во животот, за успех, само треба волја, желба, посветеност и работа. Кога станува збор за Македонија, факт е дека тука има ограничени можности и тоа понекогаш на младите им претставува пречка. Но, доколку имате јасна цел, ништо не е невозможно и се може да се постигне, но најважно е да се вложи многу труд“, порачува Преспаноска.