Мартин Благојески, прилепчанец кој моментално живее и работи во Келн, Германија, активно работи на проект кој има за цел зближување на културите и образовните системи помеѓу Македонија и Германија. Неговиот најнов предизвик е иницијативата за збратимување на детските градинки од Германија и градинките „Наша Иднина“ во Прилеп. Едукација и размена на искуства Проектот предвидува индивидуи, негователи и воспитувачи од Прилеп да престојуваат во Германија за да стекнат искуство и знаења за високите стандарди во германските градинки.
Истовремено, воспитувачи од Германија би имале можност да ја запознаат работата во градинките „Наша Иднина“ и да разменат добри практики со своите македонски колеги. Овој проект има за цел да го подигне нивото на едукација, да ги поттикне негователите и воспитувачите на креативност и иновативност, и да овозможи подобра иднина за најмладите во Прилеп.
Мартин Благојески и претходно успешно реализираше донации, со што помогна на повеќе институции во родниот Прилеп.
„Прилеп е дел од мене, каде и да сум. Секогаш ќе работам за подобрување на нашата заедница и за иднината на нашите деца. Институционално јакнење и следење на европските стандарди е потребно за да се обезбеди развој на градот и подобар живот за сите негови жители.“ вели Благојески.
Со своите контакти и мрежа во Германија, тој работи на тоа да обезбеди опрема и ресурси кои ќе им помогнат на прилепските пожарникари во нивната секојдневна борба за безбедност на граѓаните.