Прилепчанец ширел омраза и насилство преку навредлив коментар

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Поднесена е кривична пријава против прилепчанец кој поттикнал омраза и насилство, оставајќи навредлив коментар под текст на интернет-портал, информираат од МВР.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.М.(46) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Тој, на 14.10.2021, по објавен текст на интернет портал, постирал коментар со кој поттикнувал омраза и насилство, стои во полицискиот билтен.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми