Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи од ГРАДОТ ХЕРОЈ – ПРИЛЕП, кој дал огромен придонес во борбата против фашизмот и слободата на македонската држава, даваат целосна ПОДДРШКА на нашите колеги од ТЕТОВО, градот кој исто така дал голем придонес во антифашистичката борба, по однос на иницијативата за преименување на улиците кои ги носат имињата на личности и настани од славното антифашистичко минато на македонскиот народ и припадници на другите заедниците вклучени во таа борба.
„Таа борба за слобода на МАКЕДОНИЈА во периодот 1941-1945 година е морална и историска обврска што треба да ја почитуваме и зачуваме. Преку истата, се дојде до уставотворните одлуки на АСНОМ и создавање на државноста на МАКЕДОНИЈА. Историјата не смее да се менува по дневно-политички интереси. Историјата не ја учиме само за да го знаеме минатото, туку и како да се однесуваме во иднината. Историјата треба да биде основа за заедништво и соживот“, велат од Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи од ГРАДОТ ХЕРОЈ – ПРИЛЕП.