На 02.10.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека во котлара во зградата на општина Прилеп, при чистење на парниот котел настанал пожар, кој го оштетил контролерот од парниот котел.

Пожарот веднаш бил изгаснат од вработените и настанот бил пријавен во Територијалната против пожарна единица Прилеп.
Повредени лица нема.