Пронајдена е прилепчанката Билјана Јандреска Андоноска која се водеше како исчезната.
„Ви Благодарам на секоја помош. Биљана е пронајдена, жива е“, напиша пред малку на ФБ нејзината сестра.
Претходно од МВР истакнаа дека на 23.07.2025 во 23.02 часот во СВР Битола, С.Ј.М. од Прилеп пријавила дека од дома со возило се оддалечила нејзината сестра Б.Ј.А. (34), која имала здравствени проблеми.