Прошетка во природа по повод „Светскиот NASH Ден“ во Прилеп

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


По повод „Светскиот NASH Ден“ кој оваа година се одбележува на 10-ти јуни, нашата организација организира прошетка во природа, која ќе се реализира на ден 06.06.2021 во недела со почеток од 08:30 часот.

Овој настан има за цел да промовира здрав начин на живот во борбата против прекумерната тежина, која се појавува во се поголем број кај децата. Почетна точка на овој настан ќе биде манастирот Св. Димитрија село Селце. Прошетката ќе се реализира по однапред означена и обезбедена патека, во придружба со водичи.

За сите деца ќе има обезбедено едно шишенце со вода, еден здрав оброк, како и маски и дезинфекциони средства. Исто така ќе има и организиран автобуски превоз до манастирот, а во зависност од пријавените ќе биде одредено собирното место.


 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми