Регистрирани 39 нови случаи на ковид-19


Во последните 24 часа се направени 3.839 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на КОВИД-19:

Тетово – 14, Скопје – 12, Гостивар – 5, Куманово – 4, Кичево – 2, Битола и Валандово – по 1.

Регистрирани сe 12 оздравени пациенти од: Тетово – 6, Скопје, Гостивар и Дебар – по 2.

Не се регистрирани починати пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 959.456 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.124 бројката на оздравени пациенти е 150.307, на починати е 5.491, а бројот на активни случаи изнесува 326.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира