Саем на винили и музика кај Саатот

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Драги Прилепчани и Прилепчанки, со задоволство ве покануваме на Третиот саем на винили, цд-иња, касети, накит и многу други работи поврзани со музика. За време на настанот ќе имате можност да запознаете и купите носач на звук/предмет од излагачи и колекционери од Македонија и Србија, информираат организаторите од Јавен простор Прилеп.

„Она по што се препознатливи настаните кај Саатот, нема да изостане и овој пат, односно, истовремено ве покануваме и на забава за која ќе се погрижат потврдените учесници: Dj Koko, Dj Simeon Lotti, Dj Geto Rud, како и Менде Кец со својот експериментален настап. Настанот ќе одржи во просторот околу градската Саат-кула од 11 до 17 часот. А вечерта, секако дека ќе бидете поканети на кино и музика (20:30). Организатори на настанот се Блаже Томески како главен иницијатор, Јавен Простор Прилеп и Винтер Априкотс. За да се реализира ова значајно интерактивно случување во нашиот град, изразуваме посебна благодарност до спонзорите и поддржувачите: ДиЏеј Пете (Дејан Ефтинџиоски), Декор завеси, Euroterm Solarico, Kostoski Inn апартмани, Гастро-бар Монарка, кафе Чоше и кафе Носталгија“, велат од Јавен простор.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми