Од СДСМ Прилеп повикуваат на граѓански марш по повод одбележувањето на 11 Октомври.
„Денот на народното востание, 11 Октомври, симболот на слободарскиот дух на прилепчани, го одбележуваме со голем граѓански марш.
Утрешниот марш започнува во 13.00 часот пред Участакот и ќе заврши со голем граѓански собир пред Могилата на непобедените.
Секој е добредојден. Маршираме заедно во чест на борците и хероите, кои со својата жртва не’ задолжија да си ја чуваме и градиме татковината“, стои во соопштението од СДСМ Прилеп.
Централниот митинг на СДСМ во Прилеп ќе се одржи истиот ден со почеток од 13.30 пред сала „Македонија“.