На 25.12.2023 во 00.10 часот во ОВР Прилеп, Д.А.(30) пријавил дека на 24.12.2023 околу 23.30 часот на ул. „Тризла“ бил физички нападнат од М.Н..
Истиот ден во 03.30 часот во ОВР Прилеп, М.С.С.(41) од Прилеп пријавила дека околу 00.40 часот на ул.„Александар Спиркоски – Џемо“ нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице.
Во 04.11 часот пак, во ОВР Прилеп, С.Р.(39) од Прилеп пријавил дека околу 23.40 часот пред казино во Прилеп неговиот малолетен брат бил физички нападнат од Т.Ѓ..
ОВР Прилеп работи на расчистување на трите настани.