Се затвора вакциналниот пункт „Борис Трајковски“ во Скопје, имунизацијата продолжува во здравствените домови

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Од август се затвора вакциналниот пункт „Борис Трајковски“ и вакцинацијата продолжува во вакциналните пунктови, рече министерот за здравство, Венко Филипче.

„Во август продолжуваме со вакцинација во пунктовите рамки на здравствените домови. Останува да функционира салата во Тетово и во Струмица, целокупниот друг процес ќе се одвива во здравствените домови и теренската вакцинација. Добро се одвива процесот на вакцинација, одлучивме дека нема потреба да бидат во функција веќе толкави места, вработените полека се враќаат на работните места во здравствените домови. Чекавме да помине тој масовен прилив за ревакцина кај граѓаните. Продолжува вакцинацијата без закажан термин“, рече Филипче при посета на Клиниката за ортопедија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми