Се прават анализи за 4 случаи од Тетово кои се суспектни на јужноафриканскиот сој

Facebook
Twitter
Email
Print


Според информацијата која утрово министерот за здравство, Венко Филипче, ја добил од Центарот за генетско инженерство и биотехнологија при МАНУ, се прават анализи за 4 случаи од Тетово кои се суспектни на јужноафриканскиот сој на ковид-19.

„Тоа значи дека има и други соеви присутни во земјава. Пристапот е ист, детална епидемиолошка анкета, анализа, скрининг на тестовите и индикација дали да се прави секвенционирање или нег. Утрово зборував со лабораторијата во Институтот за јавно здравје и со лабораторијата во „Жан Митрев“ и нема информација дека има друг случај на делта варијантата“, вели министерот Филипче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира