Симфониски концерт за деца „Петре и волкот“ во петок во Цепенков

На 17 септември 2021, петок од 19.00 ч. во ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде изведен симфонискиот концерт за деца „Петре и волкот“. Диригент е Борјан Цанев, наратор Мартин Јорданоски.

Влезниците за концертот се бесплатни, а ќе можат да се подигаат  во четврток од 10 до 12 ч. и во петок од 10 до 12 ч. и од 17 до 19.00 часот.

Ќе бидат запазени сите протоколи за заштита од корона вирусот.

Симфониската поема „Петре и волкот“ е едно од најпознатите дела на рускиот композитор Сергеј Прокофјев и е неизоставен дел од репертоарот на сите симфониски оркестри, особено во театрите за деца. Напишана за наратор и оркестар, чии поединечни инструменти или групи на инструменти ги претставуваат ликовите во приказната. На тој начин, младите слушатели се запознаваат со составот на оркестарот. Наратор е миленикот на детската публика, актерот Мартин Јорданоски, кој ќе ги води децата низ авантурите на Петре.

Гостувањето на НУ Филхармонија на РСМ во Прилеп, е поддржано од Министерството за култура и е дел од мисијата да се влијае врз музичката едукација на младите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира